04 април 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ со жалење и големо разочарување го следи неодамнешниот пресврт на „Инфомакс“ и водителот Мечка, кој одеднаш започна жестоко да напаѓа сè што е поврзано со нашата партија и со претседателот Венко Филипче.
Долги години „Инфомакс“ и Мечка се претставуваа и работеа како независен и критички глас кон сите власти. Се сеќаваме дека токму кога еден член на ВМРО-ДПМНЕ насилно упадна во нивното студио за време на подкастот „Тешки муабети“ и се обиде да ги нападне водителите, тие го осудуваа насилството и бараа заштита токму од структурите на истата партија.
Сега, кога СДСМ жестоко ја критикува политиката на Владата предводена од Христијан Мицкоски, истиот тој глас почнува да ги напаѓа токму оние кои најгласно ја бранат иднината на Македонија од автократија, корупција и изолација.
СДСМ веќе има видено и почувствувано дека „парата буши и каде што бургија не може“, но тоа не значи дека ќе молчиме пред очигледните пресврти и отстапувања од принципите. Не можеме сите да се продаваме за пари. Не можеме сите да ја продаваме иднината на земјата за да штитиме една партија и нејзината криминална структура која повторно ја враќа државата во старите, мрачни времиња на Никола Груевски.
На Мечка и на сите кои денес ја менуваат страната им порачуваме: чесноста и принципиелноста не се на продажба. Кој еднаш се продал, тешко може повторно да се претставува како „независен“.
Довербата се гради со години, а се губи за секунда.
СДСМ останува цврсто посветена на европската иднина на Македонија, на борбата против корупцијата и на заштитата на граѓаните од штетните политики на актуелната власт. Никој – ниту со уцени, ниту со напади, ниту со платени кампањи – нема да нè натера да замолчиме.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

