МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За трагедијата во Кочани мора да има правда – виновниците да одговараат

05 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

СДСМ во јавно соопштение остро реагираше по повод најголемата несреќа во поновата историја на државата, трагедијата во Кочани, нагласувајќи дека семејствата на жртвите, граѓаните и самата држава имаат обврска да дознаат целосната вистина и да обезбедат правда.

„Им должиме целосна вистина и правда на жртвите и нивните најблиски. Мора да има одговорност – од првиот до последниот виновен“, стои во соопштението на партијата.

СДСМ ја обвини актуелната власт и ВМРО-ДПМНЕ за, како што велат, обид за прикривање на вистината и заштита на одговорните. Според нив, наместо темелна и објективна истрага, се спроведува селективност, а институциите не постапуваат како што доликува.

„Наместо институционално расчистување – се случува организирано прикривање од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Од што се плаши премиерот Христијан Мицкоски? Дали одговорноста води директно до врвот на власта?“ – прашуваат од СДСМ.

Партијата посочува дека е несфатливо што никој од надлежните полициски служби не сноси одговорност за, како што велат, сериозниот пропуст што доведе до смртта на 62 деца и повредување на уште 200 лица.

СДСМ ја доведува во прашање и улогата на партиските врски и влијанија: „Дали блискоста со ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и министерот Тошковски е причината што некои се заштитени од истрага?“

Од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат трагедијата да биде заташкана и најавуваат дека ќе се борат за целосна одговорност на сите инволвирани.

„За загинатите деца, за нивните семејства и за иднината на оваа држава – мора да има правда за Кочани“, се вели во заклучокот на соопштението.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени