11 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку соопштение реагираше на последните изјави и настапи на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја владејачката партија дека со „измислени приказни“ се обидува да го прикрие, како што велат, „хаосот и неспособноста во сопствените редови“.
Од СДСМ посочуваат дека додека државата се соочува со серија скандали и загуби на европски средства поради корупција, а граѓаните чувствуваат економски притисоци, ВМРО-ДПМНЕ ја префрла темата кон опозицијата за да го одвлече вниманието од реалните проблеми во власта.
„Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност, единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ“, стои во соопштението на партијата.
СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година власт не реализирала ниту едно од ветувањата дадени на граѓаните, додека економијата се наоѓа во тешка состојба, инфлацијата расте, а инвеститорите си заминуваат. Последниот случај со суспензијата на средствата од ИПАРД-програмата, според опозициската партија, е доказ за „заробеноста на државата од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри“.
„Им порачуваме да си ја гледаат својата Влада која се распаѓа пред очи на јавноста. Уплашени се од секојдневните скандали кои допрва ќе излегуваат. Ваквите спинови се јасен индикатор колку не им оди работата“, се додава во реакцијата.
На крај, од СДСМ нагласуваат дека остануваат посветени на процесот на консултации и обновување во рамки на партијата, со цел создавање „силен и одговорен тим“ кој ќе ја води организацијата во новата политичка фаза.
Денес ја славиме Света Анастасија – жената што не се уплаши ни од меч ни од маки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

