25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ обвини дека Владата не се откажала од набавката на авион, туку од зголемувањето на платите за работниците. Според нив, и покрај јавните изјави, средствата за оваа намена сè уште се предвидени во Буџетот за 2026 година.
Од партијата посочуваат дека буџетот на СОЗР за 2026 година е зголемен за 124 милиони денари и останува непроменет. Како што наведуваат, во рамки на Категорија 48 – Капитални расходи, под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со повеќегодишен рок на отплата.
„Власта се нема откажано од авионот. Одбива да направи ребаланс на Буџетот и средствата да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот“, соопштија од СДСМ.
Партијата дополнително обвини дека во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не сакале да разговараат ниту за предлогот за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Од СДСМ велат дека станува збор за обид за дефокусирање на јавноста, со цел, како што тврдат, тивко да се реализира набавката во иднина. Според нив, авионот би се набавил преку лизинг или отплата на рати, што потоа би се претставило како изнајмување за потребите на Владата.
„Луксузот не трпи, трпат работниците. Ќе има пари за авион, мебел и тендери, но не и за зголемување на платите“, порачуваат од опозициската партија.
Од Владата засега нема одговор на овие обвинувања.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

