македонија08 октомври 2024 СДСМ: Трошоците за живот зголемени - мерките на Владата се задоцнети
Според податоците од Државниот завод за статистика, трошоците за живот на граѓаните во септември 2024 година се зголемени за 2.6 % во споредба со истиот период лани, додека цените на мало пораснале за 3.3 %. Ова е потврда дека поскапувањата ги оптоваруваат граѓаните, особено во делот на храна и дека мерките на владата на Мицкоски, на Дурмиши и ВМРО-ДПМНЕ се целосно задоцнети, велат од СДСМ.
Владата не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот. цената за тоа ја плаќа народот, нагаласуваат од СДСМ.