30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
СДСМ обвинува дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со своите ставови директно го блокира европскиот пат на државата и ја води кон изолација.
Од партијата посочуваат дека изјавата на Мицкоски – дека „се подготвени да чекаат и децении без уставни измени“ – претставува, како што велат, најсилно признание досега дека со неговото раководство државата нема перспектива за членство во Европска Унија.
Според СДСМ, ваквата политика значи долгорочни последици за граѓаните: продлабочување на сиромаштијата, зголемено иселување на младите, како и раст на криминалот и корупцијата. Тие тврдат дека додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и високи цени, дел од политичките елити, предводени од Мицкоски, живеат луксузно и управуваат со бизнис-структури поврзани со јавни тендери.
Партијата дополнително обвинува дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има за цел распределба на „криминални тендери“, наместо решавање на реалните проблеми на граѓаните. Во соопштението се наведува дека Мицкоски дал нереални ветувања во минатото – за враќање на името и за подобра преговарачка рамка – кои не ги исполнил.
СДСМ заклучува дека, според нивната оценка, актуелната политика на ВМРО-ДПМНЕ ја става државата „на колена“ и претставува отстапување од националните интереси, особено во контекст на евроинтеграциите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

