08 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска реагираше на вчерашното чистење на ѓубрето во главниот град, обвинувајќи дека Скопје со месеци било оставено во отпад само за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да направи ПР спектакл.
„Со месеци, Скопје се давеше во ѓубре, а жителите живееја во валкани услови, опкружени со глувци и зарази, додека владата на ВМРО-ДПМНЕ не презеде никакви мерки“, стои во реакцијата на партијата.
Според СДСМ, наместо градските власти да организираат систематско чистење, намерно било блокирано собирањето на отпадот и биле запоставени обврските преку ЗЕЛС и Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.
„Граѓаните на Скопје беа оставени да се дават во ѓубре, само за синоќа Орце Ѓорѓиевски да направи циркуски ПР настап со дронови и камери“, додаваат од СДСМ.
Партијата го оцени овој потег како „срамно однесување и потценување на сопствените граѓани“, потенцирајќи дека додека светот и регионот напредуваат со вештачка интелигенција и лансирање сателити, „ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ги држат Скопјани во намерни блокади само за ПР ефекти“.
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

