10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Додека илјадници работници во земјава едвај врзуваат крај со крај и минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата, наместо да понуди решенија за подобар стандард, размислува за купување луксузен авион за премиерот Христијан Мицкоски. Наместо пари за плати и поддршка на економијата, приоритет стануваат туристички патувања и престижни дестинации, како Давос.
Според СДСМ, токму ова е причината зошто Владата одбива да ја покачи минималната плата и да обезбеди реална поддршка за работниците и приватниот сектор. Иако за зголемување на минималната плата на 600 евра и за помош на компаниите се потребни околу 200 милиони евра, за купување авион, вреден стотици милиони, очигледно „има пари“.
Во соопштението се потсетува и на претходните примери на луксуз и расипништво. Во минатото, со пари на граѓаните беа купувани скапи автомобили и луксузни предмети, а денес, според СДСМ, истата матрица продолжува. Се посочува дека премиерот поседува часовници со вредност од десетици илјади евра – сума еднаква на околу 150 минимални плати – и сега сака да оди чекор понатаму со набавка на авион.
„Ученикот сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот“, наведуваат од СДСМ, алудирајќи на континуитетот на расипничко владеење. Дополнително, се отвора и прашањето за улогата на Томовски и инсистирањето на авионската набавка, со сомнежи за можни бизнис-интереси и провизии, особено ако се земе предвид бројот на тендери доделени досега.
Од СДСМ порачуваат дека во вакви услови, кога граѓаните се борат за егзистенција, ваквите потези се навреда за јавноста и доказ дека во ВМРО сè се гледа како бизнис, а не како одговорност кон народот.
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

