05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека ќе продолжи со серијата обелоденувања на информации поврзани со настаните во Кочани и, како што тврдат од партијата, обидите на власта да ги заштити актуелните функционери од одговорност.
„Ќе објавиме нови факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери!“, стои во најавата од СДСМ, која повторно го отвора прашањето за селективната правда во земјава.
Од партијата порачуваат дека ваквиот пристап на институциите не само што ја попречува правдата, туку и дополнително ја продлабочува болката на жртвите и нивните семејства. „Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, се додава во соопштението.
СДСМ најавува дека повеќе детали ќе бидат споделени на денешната прес-конференција, која ќе се одржи во 12:00 часот во седиштето на партијата. На настанот ќе се обрати портпаролката Богданка Кузеска, која се очекува да ги презентира најновите информации што, како што велат од партијата, ќе ја разобличат заштитата што властите ја обезбедуваат на одредени функционери.
Партијата и понатаму повикува на транспарентност, одговорност и еднаквост пред законот за сите, без разлика на политичка или институционална припадност.