МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Ниту една нова градинка во Аеродром за 4 години под ВМРО-ДПМНЕ

07 јуни 2025

• од Тодор Вангелов

Аеродром, 7 јуни 2025 година – Претседателот на ОО СДСМ Аеродром, Бојан Василевски, денеска на прес-конференција обвини дека за четири години ВМРО-ДПМНЕ не изградиле ниту една од ветените нови четири градинки во Општина Аеродром. Василевски истакна дека околу 700 деца секоја година се наоѓаат на листа за чекање за место во градинките, што според него е директна последица на негрижата на локалната власт.

„Ветувањето за изградба на нови градинки беше првиот од седумте топ приоритети во програмата на Муцунски и Митески со која ја освоија довербата на граѓаните. Но четири години подоцна, ниту една градинка не е започната со градба“, изјави Василевски.

Тој потсети дека ветувања имало за градинки во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но ниту еден од овие проекти не е реализиран. Единствената градинка што во моментов се гради во Стар Аеродром е проект со средства од Владата на СДСМ во висина од 70 милиони денари, обезбедени во 2024 година.

„Само за споредба, кога СДСМ управуваше со Општина Аеродром, беа изградени две целосно нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца – ‘Црвенкапа’ во Стар Аеродром и ‘Буба Мара’ во Ново Лисиче, секоја со капацитет од 200 деца. А што направи ВМРО-ДПМНЕ за овие четири години? Точно нула нови градинки“, порача Василевски.

СДСМ упати и директни прашања до актуелниот в.д. градоначалник Дејан Митески:

  • „Каде е ветената градинка во Острово кај ‘Браќа Миладиновци’?
  • Каде е ветената градинка во дворот на ‘Блаже Конески’?
  • Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?
  • Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?“

Василевски ги обвини Митески и ВМРО-ДПМНЕ дека имале „полни усти со ветувања пред избори, а нула реализација на крајот на мандатот“.

„Вака ли ќе ги лажете граѓаните и годинава? Не ви е ли срам повторно да барате доверба? Времето на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истекува, а граѓаните бараат промени. Некој мора да понесе одговорност за оваа неспособност – и тоа не е Дејан Митески,“ заклучи Василевски.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени