македонија06 септември 2024 СДСМ: Нема пари за работниците, има само за функционерите на ДПМНЕ
И на Влатко Ѓрочев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно, соопштуваат од опозициската СДСМ.
Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ, велат од партијата.
Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.
Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите. А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата- стои во соопштението.