18 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Опозициската партија СДСМ обвини дека нема транспарентност од страна на Владата во врска со наводното патување на премиерот Христијан Мицкоски на море со владин авион.
Според СДСМ, ниту од Владата ниту од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ нема официјален одговор зошто премиерот го користел владиниот авион за приватно патување. Од партијата велат дека јавноста нема информација ниту кој патувал заедно со Мицкоски, ниту колку ова патување ги чинело граѓаните.
„Нема одговор кој бил со Мицкоски. Нема одговор ниту колку тоа луксузирање врз грбот на народот ги чини граѓаните“, наведуваат од СДСМ, потенцирајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес.
Од опозицијата оценуваат дека споредбите со користење хеликоптер за време на пандемијата се обид за дефокусирање на јавноста. Тие тврдат дека во период кога СДСМ била на власт, ниту еден министер или премиер од нивните редови не користел владин авион за патување на море.
СДСМ истакнува дека во држава со, како што велат, „домаќинска политика“, државните ресурси се користат исклучиво за службени цели и во интерес на граѓаните. Во спротивно, додаваат, се создава перцепција дека државата се третира како приватен бизнис.
Од партијата повторно ги поставуваат клучните прашања до премиерот: зошто патувал на море со владин авион и кој бил дел од таа делегација.
Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

