МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Наместо поддршка за младите, Мицкоски воведува казни за неженетите и немажените

05 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Со остра реакција опозициската СДСМ ја дочека најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за воведување дополнителен данок за граѓаните кои не се во брак. Од СДСМ велат дека ваквата мерка е шокантна, длабоко конзервативна и недемократска, и претставува директен напад врз правата и слободата на избор на граѓаните.

„Вакви мерки немаат место ни во држави од третиот свет, а не пак во демократска земја како што е Македонија,“ соопшти СДСМ, додавајќи дека Мицкоски со ова уште еднаш покажува колку е оддалечен од реалноста и не ги разбира проблемите на народот.

Од СДСМ предупредуваат дека оваа идеја дополнително ќе ги погоди младите, самците, но и семејствата кои и онака тешко ги склопуваат краевите. „Наместо решенија, Мицкоски нуди казни. Голем број луѓе сакаат да основаат семејства, но поради здравствени или економски причини не можат,“ наведуваат од партијата.

Според нив, фокусот треба да биде на подобрување на условите за живот, а не на воведување нови даноци. „Свесен ли е Мицкоски дека секое трето дете живее во сиромаштија, дека половина милион граѓани примаат плата под просекот? Што направи тој да обезбеди повисоки плати и сигурна иднина?“ прашуваат од СДСМ.

Од партијата нагласуваат дека токму тешката економска состојба ги принудува младите да си заминуваат од државата, а не тоа што се неженети или немажени.

„Мицкоски е човек кој живее луксузен живот со часовници од 60.000 евра и појадува папаја и манго, па затоа и не може да ги разбере вистинските проблеми на граѓаните,“ додаваат од СДСМ.

Тие порачуваат дека партнерството, љубовта и родителството се и желба и одговорност, но дека државата мора да застане зад луѓето во таа одговорност, а не да ги казнува.

„Ова не е време за казнување, туку за вложување во луѓето, за плати од кои може да се живее, за училишта со учебници, за градинки со доволно места и здравство кое не остава родители да молат и да чекаат со месеци,“ стои во реакцијата на СДСМ.

Од таму заклучуваат дека решението за негативниот наталитет и иселувањето не е во „понижувачки даноци“, туку во создавање услови кои ќе им дадат на граѓаните надеж и причини да останат и да градат семејства во Македонија.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени