14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
СДСМ денеска јавно реагираше по повод приведувањето на полициските службеници поврзани со трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека овие лица се токму оние за кои партијата со месеци наназад објавувала конкретни факти и аргументи во рамки на серијалот „Вистината за Кочани“.
Од СДСМ велат дека без нивниот континуиран притисок, како и реакциите од јавноста и дел од медиумите, истрагата немало ни да започне. Според нив, последните случувања само ја потврдуваат вистинитоста на обвинувањата што ги изнесуваа од првиот ден по трагедијата.
Партијата остро го осудува однесувањето на министерот Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, обвинувајќи ги дека со месеци ги штителе инволвираните полициски службеници и ја лажеле јавноста дека тие немаат никаква вина. За тоа време, како што тврдат од СДСМ, се создала опасност истрагата да биде целосно компромитирана, а можно е и уништување на клучни докази.
„Колку докази исчезнаа додека Јанев и Тошковски ги штитеа полицајците и функционерите од нивниот систем?“, прашуваат од партијата, барајќи институционална, политичка и кривична одговорност.
СДСМ посочува дека Јанев, кој како директор на БЈБ ги поставил и раководел со осомничените, мора веднаш да поднесе оставка за да не влијае врз истрагата. Исто така, оставка се бара и од Тошковски, кој, според нив, ја штител структурата во полицијата и ја минимизирал вината.
Дополнително, се обвинува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека трагедијата ја користел за политички напади, манипулирајќи со јавноста и родителите, додека вистинските виновници останувале заштитени.
„Без одговорност за Јанев, Тошковски и Мицкоски – нема правда за Кочани. А без правда, нема ни мир за родителите, за граѓаните и за државата“, порачуваат од СДСМ.
Партијата ја повикува јавноста да не заборави кој ја кочел истрагата, кој ги штител виновните и кој учествувал во прикривањето на, како што велат, една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија.