09 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секојдневно реалните економски податоци ги побиваат тврдењата на Владата и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата, соопштуваат од СДСМ. Според нив, последните бројки за инфлацијата се потврда дека економската политика на власта не дава резултати и дека животниот стандард на граѓаните постојано опаѓа.
Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%, а најголемо зголемување е забележано кај храната и безалкохолните пијалаци – дури 7%. СДСМ посочува дека тоа се основни производи без кои не може да помине ниту едно семејство, а ваквото поскапување директно ја намалува куповната моќ на населението.
Цените на мало, според податоците, се зголемени за 2,8% во однос на истиот месец минатата година. Прехранбените производи поскапеле за 6,7%, а овошјето и зеленчукот за 4,3%.
„Растот на инфлацијата е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.
Платите и пензиите, велат од партијата, не го следат растот на трошоците за живот, што доведува до постојано намалување на реалните приходи. „Граѓаните се принудени да кратат и да пресметуваат што нема да купат“, порачуваат од СДСМ.
СДСМ остро ја критикува Владата на ВМРО-ДПМНЕ што, според нив, не покажува волја да ги зголеми платите. „Додека во регионот платите растат, Мицкоски не сака ни да слушне за минимална плата од 500 евра,“ наведуваат од опозициската партија.
Тие потсетуваат дека нивните предлози – зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за основни прехранбени производи – не биле прифатени. Во новиот Буџет за 2026 година, додаваат, не се предвидени мерки за подобрување на животниот стандард.
„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата,“ реагираат од СДСМ.
Партијата тврди дека сегашната власт намерно го одржува нискиот животен стандард со цел да ги обесхрабри граѓаните да бараат повисоки приходи. „Ова е стратегија за ослабување на економската моќ на народот, но граѓаните ја препознаваат и нема да молчат,“ порачуваат социјалдемократите.
На крајот од соопштението, СДСМ најавува дека ќе продолжи да предлага конкретни мерки за подобрување на животниот стандард и економската состојба во земјата. „Ќе се бориме за политики кои обезбедуваат подобар живот за сите граѓани,“ стои во пораката на партијата.
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Бугарски аналитичар со остра анализа: С. Македонија работи против своите интереси
Пратеничка од Влен: „Беким Сали ќе биде премиер на Албанците во Македонија“
Насер Селмани: Албанските гласачи беа притиснати и манипулирани на изборите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

