11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Корупцијата во Македонија зема сè поголем замав, а граѓаните секојдневно се сведоци на, како што наведува СДСМ, системски криминал поврзан со т.н. тендер коалиција ВМРО–ЗНАМ. Во соопштението на партијата, кое МИА го пренесува интегрално, се изнесуваат сериозни обвинувања за злоупотреба на јавните пари, институционална заробеност и отсуство на реална борба против криминалот и корупцијата.
Според СДСМ, алармантни се податоците за распределба на јавни набавки: 161 тендер добила една иста фирма, додека 51 тендер завршиле кај, како што се наведува, „омилената фирма на ВМРО“ преку општините. Дополнително, се посочува дека фирма со само двајца вработени добила договори во вредност од 9 милиони евра, а уште 1,2 милиони евра биле доделени на фирма блиска до ЗНАМ преку Поштата.
Покрај економскиот криминал, СДСМ ја обвинува власта и за сериозни безбедносни пропусти. Како пример се наведува, како што тврдат, најголемиот нарко-скандал во регионот, во кој околу пет тони дрога биле шверцувани преку македонската граница кон Србија. Според партијата, овој случај е уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и заштитата што ја уживаат криминалните структури.
Наместо суштински реформи во правосудството, СДСМ оценува дека актуелната власт воспоставува целосна контрола врз судството и обвинителството, носејќи законски решенија кои не се во согласност со препораките на Европската Унија. Според нив, ваквите чекори не значат борба против криминалот, туку обиди за заштита на криминалците од самиот врв на власта.
Како резултат на ваквите состојби, СДСМ посочува дека Македонија се најде во друштво на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на „Транспаренси Интернешнл“ за 2025 година, што, како што велат, е поразително за држава која се декларира како кандидат за членство во ЕУ.
Во соопштението, партијата остро заклучува дека Македонија „го има својот Мадуро“, кој намерно ја води земјата кон изолација од Европската Унија, со цел, како што тврдат, непречено да се спроведува грабежот на јавните ресурси зад грбот на граѓаните.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

