20 февруари 2026
• од Гоце Кически
Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, претставува уште една потврда дека државата стагнира во евроинтеграциите, оцени денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, одговарајќи на новинарско прашање.
Според Кузеска, СДСМ веќе го коментирал документот, нагласувајќи дека тој ја потврдува партиската теза оти земјата е „заглавена“, без суштински реформи и со запрен процес на пристапување кон Европската Унија.
„Процесот на пристапување е сопрен“, цитираше Кузеска од извештајот, потенцирајќи дека станува збор за официјална оценка, а не за став на опозицијата.
Таа истакна дека во документот се нотира отсуство на напредок во клучните области, вклучително и владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата. Според СДСМ, пораката од Брисел е дека проширувањето може да се забрза само доколку се спроведат вистински реформи и се обезбеди функционално владеење на правото.
Кузеска обвини дека корупцијата и криминалот „секојдневно цветаат“, посочувајќи на, како што рече, спорни тендерски постапки за кои опозициската партија веќе ја информирала јавноста. Таа додаде дека институциите молчат наместо да постапуваат по објавените информации.
Во изјавата се наведува и дека Владата, наместо да спроведува реформи, намерно отвора спорови со соседите за да ја оправда, како што велат од СДСМ, изолацијата на земјата и блокадата на преговорите.
„Се води антиевропска кампања со обвинувања дека Европа е виновна“, изјави Кузеска.
СДСМ: Сиљановска бара поголем владин авион додека платите остануваат ниски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

