30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во услови кога цените на храната, сметките и горивото континуирано растат, платите на македонските граѓани остануваат меѓу најниските во Европа и недоволни за достоинствен живот. Ова е суштинската порака што произлегува од реалноста со која секојдневно се соочуваат граѓаните, се наведува во соопштението на СДСМ, кое МИА го објавува интегрално.
Постои една анкета која власта не може да ја манипулира, не може да ја нарача и не може да ја сокрие – тоа е таканаречената „паричник анкета“.
Оваа анкета не се спроведува преку телефонски повици или статистички модели. Таа се случува секојдневно, во моментот кога граѓаните го отвораат својот паричник и гледаат колку пари им останале. Токму таму се гледа вистинската состојба – реалниот „рејтинг“ на власта.
Реалноста што ја покажува паричникот е сурова. Таа не може да се сокрие со политички пораки или маркетинг кампањи. Празниот џеб е најсилниот показател дека економската состојба е тешка и дека граѓаните се соочуваат со сериозни предизвици.
Секое семејство, секој работник, секој млад човек ја чувствува оваа реалност. Зголемените трошоци за живот не се следени со соодветен раст на платите, што доведува до ситуација во која граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Во вакви услови, прашањето не е политичко, туку егзистенцијално. Граѓаните не бараат анкети – тие ја живеат вистината секој ден.
Нема поголема анкета од оваа.
Нема леб, но затоа има игри.
Македонија повторно горда!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

