СДСМ добива нов лидер! Погледнете го патот на Венко Филипче до победата!
Денес СДСМ одржува вонредни внатрепартиски избори за нов претседател на партијата. Единствениот кандидат за оваа позиција е професор д-р Венко Филипче, што ја прави неговата изборна победа извесна.
Венко Филипче е роден на 13 јуни 1977 година во Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година, каде што подоцна станал асистент во 2004 година. Специјализацијата по неврохирургија ја завршил во 2008 година, а магистрирал во 2011 година. Докторската дисертација ја одбранил во 2015 година. Свое образование надополнувал со обуки во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул и Цирих. Во 2012 година завршил специјализација по интервентна неврорадиологија во Цирих, со што станал првиот неврохирург во Северна Македонија и соседните земји кој воспоставил хибридна неврохирургија на Клиниката во Скопје.
Филипче има објавено бројни научни трудови во домашни и странски списанија од областа на неврохирургијата. Тој бил секретар на Македонското неврохируршко здружение и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи од Југоисточна Европа. Во 2016 година ја организирал Македонско-јапонската невроваскуларна конференција.
Во декември 2017 година, Филипче беше именуван за министер за здравство на Република Северна Македонија, функција што ја извршуваше до јануари 2022 година. За време на неговиот мандат, тој се соочи со предизвиците поврзани со пандемијата на COVID-19. По завршувањето на министерскиот мандат, во мај 2024 година, Филипче беше избран за пратеник во македонското Собрание. На 30 јуни 2024 година, на вонредни внатрепартиски избори, беше избран за претседател на СДСМ.
Со оглед на тоа што Венко Филипче е единствениот кандидат на денешните избори, се очекува тој да биде реизбран за претседател на СДСМ без проблеми.