СДСМ до Димитриевски: „Прочитан си, Максиме – нема бегање од скандалот со златните парцели“
Во реакција на изјава на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро одговори, обвинувајќи го за вмешаност во сериозен корупциски скандал поврзан со продажба на вредни парцели.
„Максиме, прочитан си до максимум. Нема бегање од вистината, сè излегува на виделина,“ се вели во соопштението на СДСМ, во кое се нагласува дека Димитриевски, заедно со неговиот кум, е поврзан со сомнителни зделки вредни 350.000 евра во неговата општина.
СДСМ го обвинува Димитриевски дека ја формирал партијата ЗНАМ исклучиво како алатка за личен бизнис интерес и богатење, обвинувајќи го и за соработка со ВМРО-ДПМНЕ зад кулисите. Според СДСМ, токму ваквите постапки го оддалечуваат од членовите и поддржувачите на неговата партија.
„Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за лична корист,“ стои во завршницата на реакцијата, во која СДСМ повикува на одговорност и транспарентност од страна на Димитриевски.