СДСМ демантира: Филипче нема инвестиции ниту имот во ОАЕ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) остро ги отфрли тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека претседателот на партијата, Венко Филипче, наводно поседувал инвестиции или имот во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Во соопштение до јавноста, СДСМ наведува дека Филипче јасно и недвосмислено изјавил оти не поседува никакви инвестиции, ниту недвижен имот во ОАЕ. Од партијата истакнуваат дека тој поседува виза, но таа не е добиена на основа на било каква инвестиција или сопственост.
„ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на идеи и програма, продолжува со ширење лаги и обиди за дефокус. Наместо со постојани неосновани напади врз опозицијата, треба да се фокусираат на решавање на реалните проблеми на граѓаните, кои веќе една година не видоа ништо од оваа власт освен неспособност, лаги и празни ветувања,“ се наведува во соопштението на СДСМ.
СДСМ апелира до политичките конкуренти да водат одговорна и аргументирана кампања, во интерес на јавноста и транспарентноста, а не преку дезинформации и лични напади.