27 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници, што повторно ја отвори дебатата за односот на власта кон граѓаните и нивниот животен стандард.
Од СДСМ реагираат дека ваквиот „успех“ на Мицкоски нема никаква врска со државничка политика, туку со лични привилегии и луксуз. Според партијата, фактот што Македонија денес е членка на НАТО е резултат на сериозната и одговорна политика на претходната влада, која ги штитела државните интереси, а не личното богатство на функционерите. „Да зависеше од Мицкоски, Македонија денес ќе беше руска провинција или кинеска колонија, а не НАТО членка“, велат од СДСМ.
Според анкетниот лист за имотна состојба, Мицкоски поседува колекција часовници вредни околу 60.000 евра. Во исто време, минималната плата во Македонија изнесува 396 евра, што значи дека вредноста на часовниците на премиерот е еднаква на 150 минимални плати.
Пресметките покажуваат дека на еден македонски работник би му биле потребни околу 12 години работа за да заработи сума еднаква на вредноста на часовниците на Мицкоски – и тоа без да потроши ниту едно евро за храна, сметки или други животни трошоци.
Од СДСМ прашуваат дали ова е „четвртата економија во Европа“ за која зборува Мицкоски. Споредбите со регионот дополнително ја нагласуваат разликата: минималната плата во Црна Гора изнесува 600 евра, во Србија се движи меѓу 505 и 580 евра, во Босна и Херцеговина 525 евра, а во Албанија 444 евра. Македонија, пак, останува со најниска минимална плата во Европа.
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај и бараат поголеми плати, Владата, според опозицијата, тврди дека нема пари за зголемување на примањата. Истовремено, се најавува увоз на таканаречени „економски работници“, што, како што предупредуваат од СДСМ, значи дополнителен притисок врз платите и уште помали шанси за нивно зголемување.
„Пари има за скапи часовници, сомнителни тендери, нов владин авион и луксузни патувања, како посетите на Давос, но нема за работниците“, порачуваат од СДСМ, оценувајќи дека токму тоа е суштината на политиката на Христијан Мицкоски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

