01 јуни 2025
• од Гоце Кически
Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, на денешната прес-конференција остро ја прозва локалната власт и Катастарот за недвижности, обелоденувајќи нови загрижувачки информации поврзани со нелегалните градби во општина Чаир.
„Урбаната мафија не спие ниту за викенди. Ситуацијата со 150 дивоградби во Чаир добива нови размери, а мрежата на инволвирани се проширува“, истакна Јанчева.
Таа соопшти дека Катастарот донел решение за бришење на претходно нелегално впишаните објекти, откако јавноста дозна дека впишувањето било направено со фалсификувани документи.
„Свиркачите ни потврдија дека ова решение е донесено по барање доставено на 2 мај, а архивирано на 25 мај. Уште пострашно е тоа што општина Чаир признава дека зградата е изградена на место наменето за улица, а документите потоа мистериозно исчезнуваат“, рече Јанчева.
СДСМ директно го прозва директорот на Катастарот, Иван Живковски, прашувајќи дали и тој е дел од оваа урбана мафија, потсетувајќи дека тој претходно имал функции во ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.
„Каква корист имаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од заштитата на 150 дивоградби и од нивниот коалициски партнер ВЛЕН? Институциите молчат, покриваат криминал и допуштаат една ДУИзација да се замени со ВЛЕН-изација“, додаде Јанчева.
Советничката група на СДСМ побара итна седница на Советот на Град Скопје, каде ќе се расправа за овој случај и ќе се истражува дали слични ситуации постојат и во други општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.
„Ги повикуваме сите советници да покажат одговорност, да ги надминат политичките игри и да застанат зад интересите на граѓаните, кои очекуваат институционална разрешница за овој скандал“, нагласи Јанчева.