22 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Активистите од граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ гостуваа во емисијата „Претрес со Ландов“, каде отворено зборуваа за проблемите со кои се соочуваат во својата работа и односот на новата директорка на кочанската болница.
„Ние имаме дури и закани бидејќи многу сме зборувале, а ние ја говориме вистината“, истакнаа активистите, нагласувајќи дека притисоците не можат да ги поколебаат во нивната мисија за транспарентност и правда. Според нив, наместо институционална поддршка, често се соочуваат со игнорирање и обиди за замолчување.
Во текот на гостувањето, активистите укажаа и на несоодветниот однос на новата директорка на болницата, која, како што велат, „дури и ја вртела главата“ кога ќе ги сретнела. Тие сметаат дека ваквото однесување е показател за нефункционалност и недостаток на почит кон граѓанските иницијативи што се залагаат за подобри услови во здравството.
И покрај сите проблеми, Иван Ивановски од „Сапорт Кочани“ истакна дека постојат и многу посветени медицински работници кои со пожртвуваност ги извршуваат своите должности. „Ние уште од почетокот се држиме, по сите сопки и сите притисоци што ни ги прават од секаде. Пробуваме да бидеме нормални и да работиме на подобрување на состојбите, без да ги покажуваме сите активности, затоа што гледаме дека само си создаваме повеќе непријатели,“ изјави Ивановски.
„Сапорт Кочани“ порачуваат дека ќе продолжат со својата мисија и дека нема да отстапат од своите принципи, без разлика на притисоците. Тие апелираат до институциите и јавноста да им дадат поддршка во борбата за подобро и покоректно здравствено опкружување во Кочани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден