06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, и заменик-претседателот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов, денес ќе го потпишат Договорот за подготовка, изградба и оперативно функционирање на меѓуграничниот тунел на Kоридорот 8.
Церемонијата на потпишување ќе се одржи на железничката станица во Ѓуешево, а на настанот се очекува присуство на претставници од Европската комисија, НАТО, САД, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, како и од Светската банка.
Според Министерството за транспорт и врски, изградбата на железничкиот тунел ќе претставува клучна поврзувачка точка меѓу двете држави по должината на Kоридорот 8. Проектираната должина на тунелот изнесува околу 2,4 километри, од кои приближно 1,2 километри ќе бидат на територијата на Северна Македонија.
„Изградбата на железничкиот Kоридор 8, покрај економското значење за земјата и регионот, има и стратешко безбедносно значење во рамките на НАТО. Во таа насока, веќе е изграден и ставен во функција железничкиот правец од Куманово до Бељаковце,“ истакнуваат од Министерството.
Сегментот од Бељаковце до Крива Паланка е во фаза на изградба, додека работите на подготовка на третиот дел – од Крива Паланка до границата со Бугарија – се одвиваат со забрзано темпо. Во овој дел ќе биде опфатено и решението за меѓуграничниот тунел, кој претставува значаен чекор кон целосната реализација на Kоридорот 8 – стратешки инфраструктурен проект што ќе ја зајакне регионалната поврзаност и економска соработка меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија.
Албин Курти ги пофали Албанците во Северна Македонија и владеењето на ВЛЕН,
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

