20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да помогне во убедувањето на Северна Македонија да ги спроведе потребните уставни измени, кои тој ги смета за клучни за напредокот кон членството во Европската унија, пренесе агенцијата БГНЕС.
Радев изјави дека за време на средбата со унгарскиот претседател Тамаш Шуљок разговарал за ситуацијата на Западен Балкан и за проширувањето на Европската унија.
„Бугарија останува мотор на овие процеси и ги поддржува своите соседи на нивниот европски пат. Ја повикав унгарската страна, која има сѐ поблиски и пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека уставните измени и европскиот консензус се неопходен услов за членство во ЕУ,“ изјави Радев по средбата со Шуљок.
Според бугарскиот претседател, ова претставува одлична можност за продолжување на конструктивниот дијалог и за јакнење на регионалната соработка во духот на европските вредности.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден