TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“: Новиот обвинител да го преиспита целиот предмет

21 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Родителите на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 34-ти пат учествуваа на „Маршот за ангелите“. Движејќи се по веќе познатата рута – од Паркот на револуцијата до зградата на Судот и Јавното обвинителство во Скопје – тие застанаа за кратко за да ги испратат своите пораки до јавноста, нагласувајќи дека не се задоволни од начинот на кој институциите ја водат постапката за утврдување на вистината за трагедијата, пренесува „360 степени“.

Родителите побараа проширување на истрагата, утврдување на индивидуална одговорност и јавно објаснување од надлежните зошто одредени лица досега не се опфатени со постапката. Тие исто така се осврнаа на оставката на досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски и упатија порака до неговиот наследник да го разгледа целиот предмет од самиот почеток.

„Да се утврди кој знаел, кој дозволил, кој молчел и кој не постапил“, порачаа родителите.

Александар Наунов, татко на девојка која го загуби животот во „Пулс“, изјави дека семејствата се гневни затоа што, како што рече, постојат лица за кои и јавноста и родителите со право знаат дека имаат одговорност, но тие сè уште не се ниту осомничени, ниту дел од транспарентна истрага.

„Нашите деца не се бројка. Тие имаат имиња, имаат приказни, имаат семејства кои засекогаш ќе ги чекаат. Овој марш е порака дека сме тука, дека паметиме и дека нема да дозволиме вистината да биде закопана заедно со нашите деца“, изјави Наунов пред Полициската станица во Кочани.

Пред зградата на Судот и Обвинителството во Кочани се обрати и Верица Трифунова, мајка на Моника Спасова. Таа рече дека оставката на Коцевски е задоцнета и дека поранешниот обвинител не покажал волја да го отвори случајот уште од денот на трагедијата.

„Државниот обвинител Коцевски поднесе неотповиклива оставка, но таа дојде премногу доцна. Немаше храброст и волја сам да ја отвори истрагата од самиот почеток. Наместо вистинска истрага, побара информации од МВР, а постапките што следеа беа насочени кон лица кои беа осомничени уште од 2024 година и порано, додека вистинските носители на моќ и одговорност останаа заштитени“, рече Трифунова.

Според неа, со гонење на „неколку пониски функционери“ се создава лажна слика за правда, со цел да се затвори случајот и да се избегне директна индивидуална и институционална одговорност.

„Ние, родителите на убиените деца, денес јавно и гласно кажуваме – ова не е правда и ние нема да ја прифатиме“, истакна таа.

Трифунова испрати јасна порака до новиот државен јавен обвинител, кој допрва треба да биде избран, да го преиспита целиот предмет од почеток и на обвинителна клупа да седне секој што директно или индиректно придонел за трагедијата во која ги загубија животите нивните деца.

„Бараме целосна ревизија на предметот – да се утврди кој знаел, кој дозволил, кој молчел и кој не постапил. И секој што придонел, директно или индиректно, за смртта на нашите деца, да одговара“, рече Трифунова.

Инаку, за случајот „Пулс“ во тек е судска постапка против 35 физички лица и три правни субјекти. Судскиот процес започна на 19 ноември и моментално се наоѓа во фаза на воведни говори. Судењето треба да продолжи на 25 декември, кога воведни излагања ќе имаат сопственикот на агенцијата за обезбедување „Rubicon Security Solutions“, Александар Нацев, како и претставниците на трите компании, по што се очекува започнување на сослушувањето на сведоците.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
СВЕТ
21 декември 2025

Шведска ќе ѝ додели 200 милиони долари буџетска поддршка на Украина

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

65.492 денари не се доволни за живот: Синдикалната кошничка расте, стандардот паѓа

ВРЕМЕ
21 декември 2025

Снег и екстремен студ најавени за новогодишната ноќ

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Пратеникот Сашко Јанчев: Нема ден да не помислам на сообраќајката, власта води црна пропаганда против мене

СВЕТ
21 декември 2025

Зеленски бара поддршка од сојузниците за финансирање на украинската армија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Непрописно вртење ја однело младата жртва: Обвинение за трагичната сообраќајка во Марино

СВЕТ
21 декември 2025

Бугарски пилот: F-16 е огромен чекор напред за националната одбрана

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Ахмети повика на нов национален договор за напредок на Северна Македонија

СВЕТ
21 декември 2025

Зеленски: Путин нема право да одлучува за изборите во Украина

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Шекеринска и Дескоска заедно на кафе по добивањето високи меѓународни функции

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Ахмети реизбран за претседател на ДУИ, Адеми нов генерален секретар, Османи останува потпретседател

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

„Титан-Усје“ ги негира обвинувањата за загадување на воздухот во Скопје

МАКЕДОНИЈА
21 декември 2025

Денеска се празнува Преподобен Патапиј

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Што прифати Мицкоски на самитот во Брисел: реафирмација на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Караџов: Коридор 8 е тест за европските амбиции на Северна Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Секој десетти адолесцент во Македонија користел седативи

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Тошковски: МВР јавно ќе ги објави сите локации на камерите на „Safe City“

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Иџет Меџити: Образованието на мајчин јазик е столб на еднаквоста и соживотот

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Лековите за смирување не смеат да се издаваат без рецепт: забележана зголемена употреба кај адолесцентите

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Загадување без крај: Зошто Македонија со години е на врвот по лош воздух?

СВЕТ
20 декември 2025

Бугарија со државна гаранција од 10 милиони евра ќе учествува во Фондот за Украина

МАКЕДОНИЈА
20 декември 2025

Дескоска: Судството мора да ги отстрани проблематичните елементи

СВЕТ
20 декември 2025

Бугарија инвестира во иднината: 5G и оптичка инфраструктура што го менуваат регионот

ДРУГО
20 декември 2025

Денеска се празнува Свети Амвросиј, епископ Медиолански

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
19 декември 2025

Вилма Русковска го пријави Боки 13 за телефонско вознемирување

КОЛУМНИ
19 декември 2025

Кој го организираше ликвидирањето на партизаните во манастирот Прилепец во 1942 година?

МАКЕДОНИЈА
19 декември 2025

„Стоп за Усје“ најавува блокада пред Цементарата: Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега