28 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во центарот на Тетово на 28 ноември, група граѓани кои ја славеа годишнината од Денот на албанското знаме, на коњи и со албански знамиња, привремено го блокираа движењето на автомобилите низ неколку централни улици.
На видеото објавено од локалниот медиум „Тетово инфо“ може да се забележи целосно затворен кружен тек, додека големи колони возила стојат во застој. Дел од возачите, видно вознемирени, излегувале од автомобилите, обидувајќи се да најдат начин да се пробијат низ толпата.
Слични сообраќајни отежнувања беа забележани и во скопската општина Чаир, каде попладнето речиси беа блокирани делови од улиците кон Бит Пазар. Според сведочења од граѓани, движењето било дозволено само во лентите резервирани за дефилето, додека останатите ленти и околните приоди биле непроодни.
Колоните возила под полициска придружба тргнувале од зградата на Општина Чаир кон плоштадот Скендер-бег.
На социјалните мрежи, дел од граѓаните изразија револт, критикувајќи го запирањето на сообраќајот, но и отворија поширока дебата за начинот на јавно одбележување на национални и културни симболи во земјата.
Денот на албанското знаме се слави во Албанија, но и меѓу етничките Албанци во регионот и дијаспората. Празникот е симбол на културна самосвест и национален идентитет, а традиционално се одбележува со официјални манифестации, паради и јавни собири.
Бубашваби на мени секој ден за учениците во интернатот „Здравко Цветковски“
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

