04 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Професорот по кривично право Гордан Калајџиев јавно реагираше по официјалниот почеток на казнувањето за сообраќајни прекршоци преку системот на камери „Безбеден град“, изразувајќи сериозна загриженост и негативен став кон овој проект.
Иако, како што наведува, во јавноста доминираат позитивни реакции за новиот систем, Калајџиев смета дека ваквиот начин на надзор претставува сериозен упад во приватноста на граѓаните. Според него, постојаното следење преку камери создава чувство на контрола и надгледување што потсетува на дистописки сценарија.
„Гледам главно позитивни реакции на ‘Безбеден град’. Јас лично се чувствувам како Големиот брат да нè лови по улици“, напиша Калајџиев во објава на социјалните мрежи, правејќи алузија на сеприсутното око и уво од романот „1984“ на Џорџ Орвел.
Тој дополнително предупреди дека процесот на ерозија на приватноста не е нов и дека со години наназад граѓаните постепено ја губат својата лична слобода. „Прво почна да нè слуша, да нè следи… Ништо не остана од приватноста“, додава професорот.
Изјавата на Калајџиев повторно ја отвори јавната дебата за границата меѓу безбедноста и човековите права, како и за тоа дали ваквите технолошки решенија навистина придонесуваат за побезбедно општество или, пак, создаваат атмосфера на постојан надзор.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

