11 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Професорот Љубомир Фрчковски во гостувањето во емисијата „Во Центар“ остро ја критикуваше актуелната владејачка структура на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека не ја сфаќа суштината на управувањето со државата и дека единствената опција која ѝ останува по изборите е авторитарен пристап.
Фрчковски предупреди дека ВМРО-ДПМНЕ, наместо да се посвети на реформи и европски интеграции, би можела да се насочи кон рушење на обвинителството и судството и започнување на политички прогон.
„Единствена опција што ќе им остане е прилично авторитарна – да се обидат да го срушат обвинителството и судството и да започнат со прогон“, истакна тој.
Во своето излагање, професорот се осврна и на односот на партискиот лидер Христијан Мицкоски кон Европската Унија и кон последниот Извештај за напредокот на Европската комисија, кој го нарече „извештајче“.
„Гледајте како се однесуваат кон една клучна операција што треба да ја влече земјата напред – тоа е ЕУ. Тие го третираат тоа како нешто безначајно, како ‘извештајче’. Практично велат дека тоа не се однесува на нас, не не интересира. Ние сме ориентирани внатре“, рече Фрчковски, додавајќи дека „внатре нема што повеќе да се ориентира – сè е празно“.
Фрчковски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ функционира како „племенска организација“ и дека не ја сфаќа државничката одговорност.
„Партијата има две основи – омразата кон надворешниот свет и функционирањето како племенска заедница што ги брани своите. Тие не можат да разберат дека водејќи држава треба сите да имаат некаков бенефит. Вие ја водите Македонија, не ја водите Вмровија“, нагласи тој.
На крајот, Фрчковски оцени дека партијата не успеала да се ослободи од националистичкиот популизам и дека изборите не донеле катарза.
„Историјата ви суди. Извештајот на ЕУ е полош од оној во времето на Груевски. Оваа катастрофа тие не можат да ја избришат“, додаде тој.
Денес ја славиме Света Анастасија – жената што не се уплаши ни од меч ни од маки
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

