македонија02 декември 2023 Приведени крадци во тетовско, фатени на дело
Денеска во с. Радиовце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Полициско одделение Жеровјане ги лишиле од слобода Л.Р.(26) од с. Синичане, тетовско, Ј.С.(20) од с. Селце, тетовско и Л.С.(19) од с. Селце Кеч, тетовско. Тие биле затекнати при извршување „тешка кражба“ во товарно возило, при што одзеле повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.