04 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане привеле две лица од Тетово, 18-годишен маж и малолетник, осомничени дека извршиле повеќекратни полови напади врз две малолетни девојчиња.
Според информациите од полицијата, мајката на жртвите, 37-годишна жена од Тетово, пријавила дека нејзините две малолетни ќерки биле сексуално злоупотребувани во повеќе наврати, а осомничените го снимале насилството со мобилен телефон. Покрај тоа, едната од девојчињата била принудувана на сексуални односи и со други лица.
Пријавата била поднесена на 2 јули 2025 година, а по преземените мерки полицијата ги лишила од слобода осомничените во селото Горно Седларце и во Тетово.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави против сторителите.