Приведен возач во Гостивар поради возење под дејство на алкохол
Полициските службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар ноќеска привеле возач кој управувал моторно возило под дејство на алкохол.
Околу 01:10 часот, на улицата „Живко Брајковски“ во Гостивар, бил сопрено патничко моторно возило марка „Шкода“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот И.Ф. од село Долна Бањица. При извршената сообраќајна контрола, било утврдено дека возачот е под дејство на алкохол, со измерени 2,17 промили алкохол во крвта.
И.Ф. веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните прописи со цел безбедноста на сите учесници во сообраќајот.