24 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Полицијата утрово приведе 16-годишно лице од Охрид, осомничено дека на 12 овој месец извршило силување врз 12-годишно девојче од градот. Според полициското соопштение, во моментот на настанот присуствувал и друг малолетник кој го снимал чинoт.
До видеото подоцна дошол 14-годишник од Охрид, кој потоа го уценувал девојчето, заканувајќи се дека ќе ја објави снимката доколку не прифати да биде со него.
СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на малолетникот кој го вршел уценувањето.
Врз девојчето бил извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи, во присуство на родител, извршиле службен разговор.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

