македонија15 ноември 2023 Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведено едно лице
Вчера во 16.35 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец В.Н. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информираат во МВР.