01 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Преспанското Езеро, второто по големина природно езеро во Македонија и едно од најстарите езера на европскиот континент, се соочува со опасност од целосно исчезнување. Според последните научни анализи и мерења, ако не се преземат итни и сериозни чекори, езерото би можело да исчезне до крајот на 21 век – за помалку од 40 години.
Најновите податоци покажуваат дека нивото на езерото е опаднато за цели 55 сантиметри во споредба со минатата година, што претставува загуба од околу 120 милиони кубни метри вода – двојно повеќе од просечниот годишен пад. Експертите велат дека ова е најлошата состојба уште од 1980-тите години.
„Ако летово биде топло — а ќе биде — сценариото е катастрофално“, предупредува д-р Надежда Апостолова од Универзитетот во Валенсија. Таа истакнува дека езерото оваа зима не добило ни приближно до стандардните 40 сантиметри нова вода од снежни и дождовни врнежи.
Причините за драматичниот пад на нивото се повеќеслојни. Климатските промени се главниот фактор, но состојбата дополнително ја влошуваат:
Иако ситуацијата е алармантна, решенија постојат. Д-р Апостолова предлага доведување на вода од Вардарскиот слив како долгорочна и одржлива опција. „Тоа е скапа, но возможно изведлива мерка. Не смееме да дозволиме Преспанско да умре“, вели таа. Како алтернативна мерка се разгледува и затворање на подводните понори во Албанија, но тоа нема да има значаен ефект доколку климатските услови продолжат да се влошуваат.
Статистиката го потврдува најлошото: од 1963 година наваму, Преспанското Езеро изгубило околу 60% од својот волумен. Освен количината, значително се влошува и квалитетот на водата, што дополнително ја загрозува екосистемската рамнотежа и биолошката разновидност во регионот.
Судбината на Преспанското Езеро зависи од заедничка акција и координирани напори меѓу државите кои го делат езерото – Македонија, Албанија и Грција. Доколку не се реагира веднаш, ова уникатно природно богатство би можело да стане уште една жртва на климатската катастрофа. Времето истекува. Утре може да биде предоцна.