16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека поради прекин во испораката на природен гас е можно да дојде до отстапувања од возниот ред на одредени автобуски линии.
„Согласно добиената информација од НОМАГАС АД Скопје, дека ќе има прекин на испораката на природен гас кон Македонија до 17 октомври 2025 година, Ве известуваме дека се можни отстапувања од возниот ред“, соопштија од ЈСП.
Од претпријатието додаваат дека, доколку има промени во времетраењето на прекинот, јавноста ќе биде навремено информирана.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден