11 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Вчера попладне сообраќајна несреќа се случила на улицата „Његошева“ во Скопје, во која повредена е 69-годишна жена, а возачот го напуштил местото на настанот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен во СВР Скопје околу 16:40 часот. Патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С. (46), удрило во 69-годишната В.Д. По незгодата, возачот со возилото се оддалечил од местото на несреќата.
Во несреќата, В.Д. се здобила со телесни повреди кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Од МВР информираат дека по преземени мерки возачот бил пронајден, со него бил извршен службен разговор, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

