МАКЕДОНИЈА

Пратеник на ВЛЕН и вработени во Инспекторатот одбиваат да зборуваат на македонски

04 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Пратеникот Ќоку од пратеничката група на ВЛЕН повторно одби да се обрати на македонски јазик – иако се работи за службен јазик во Собранието на Република Северна Македонија. Неговото одбивање да говори на македонски предизвика дополнителни реакции, особено по сличниот став на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, кој исто така инсистира прашањата поставени на македонски да ги одговара на албански.

Ова се случува во време кога платите на вработените во Инспекторатот се уште не се исплатени. Причината, како што се наведува, е тоа што се чека усвојување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Според изјави по средбата со координаторите на пратеничките групи, има надеж дека платите ќе бидат исплатени штом законот добие зелено светло.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелираат ситуацијата да не се политизира и исплатата на платите да не се условува со Законот за јазици. Опозициската СДСМ, исто така, изрази подготвеност за изнаоѓање решение, додека од Европскиот фронт сметаат дека не е потребно ново законско решение.

Молк, пак, доаѓа од страна на пратеничката група ВРЕДИ, која не даде став за состојбата, ниту пак за евентуалното решавање на проблемот со вработените во Инспекторатот.

Собраниската блокада на законот, која трае веќе над еден месец, го одложува не само прашањето на платите, туку и најавеното формирање на Национална агенција. Оваа институција треба да ги обедини Инспекторатот за употреба на јазиците и Институтот за употреба на македонскиот стандарден јазик – чекор кој според властите треба да донесе поефикасно регулирање на јазичната политика во земјата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени