13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во еден од рециклаторните центри, соработник на организацијата „Нулта отпад“, избувна пожар во кој, според првичните информации, биле зафатени и литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и друг електронски отпад. Од организацијата „Шанса за Центар“ алармираат дека при вакви пожари се ослободуваат крајно токсични материи кои претставуваат сериозен ризик за здравјето и животната средина.
„Треба да се знае дека кога горат литиум-јонски батерии, најтоксичната супстанца која се ослободува е хидроген флуорид (HF)“, велат од „Шанса за Центар“. Според Европската агенција за хемикалии (ECHA), HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен по здравјето дури и при ниски концентрации. Особено ризичен е во затворени или полузатворени простории, каде што може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето.
Покрај хидроген флуоридот, при горењето на батериите се ослободуваат и други штетни соединенија – јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија со хлор, азот и сулфур. Електролитот во батериите, пластиката и амбалажата дополнително придонесуваат за создавање на опасни материи.
Електронскиот отпад често содржи печатени плочки и различни метали како олово (Pb), кадмиум (Cd), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu) и цинк (Zn). При горење, од нив се создаваат токсични соединенија кои ја загадуваат околината.
Литиум-јонските батерии при горење достигнуваат температури од 800 до 1600 степени, што понекогаш предизвикува и мини експлозии. Ова го прави гаснењето на вакви пожари исклучително ризично.
„Се надеваме дека пожарникарите се соодветно заштитени“, додаваат од „Шанса за Центар“, нагласувајќи дека е неопходно внимателно справување со вакви ситуации поради сериозните ризици за здравјето и безбедноста.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден