06 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Потомци на истакнатите бугарско-македонски дејци Гоце Делчев и Кузман Шапкарев се огласија преку видеообраќање упатено до премиерот Христијан Мицкоски, изразувајќи незадоволство од тоа како нивните семејни имиња се користат во политички настапи.
Во пораката, Христо Христов, кој се претстави како правнук на братот на Гоце Делчев, и Елисавета Шапкарева, правнучка на Кузман Шапкарев, му порачаа на Мицкоски дека се чувствуваат навредени од неговите изјави во кои, како што рекоа, негативно зборува за одредени членови на нивните семејства.
„Почитуван господине Мицкоски, јас сум Христо Христов, правнук на братот на Гоце Делчев. Вие нè знаете, а и ние знаеме дека вие нè знаете. Јас сум Елисавета Шапкарева, правнучка на Кузман Шапкарев. Ве слушаме како зборувате за волгозелите, за маргиналците, за талибанците. И оваа недела повторно зборувате лошо за луѓе од нашите семејства. Зборувате лошо и заборавате дека овие семејства се живи. Ние сме тука. Тие истите членови на нашите семејства го дадоа својот живот за слобода и за култура. Ќе ве замолиме во иднина да не ги споменувате нашите родови. Ви посакуваме убава недела. Пријатен ден“, изјавија тие во видеото.
Нивното јавно обраќање следеше откако премиерот Мицкоски во своите јавни настапи неколку пати ги наведе токму овие историски имиња како симбол на македонскиот идентитет.