29 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Од полноќ стапуваат на сила повисоки цени на нафтените деривати, откако Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука за нивно зголемување.
Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,23 проценти во однос на претходната одлука од 22 декември 2025 година. Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари по литар.
Дополнително, цената на мазутот М-1 НС е зголемена за 1,042 денари по килограм и ќе изнесува 33,649 денари за килограм.
Со оваа одлука, од 30 декември 2025 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат следните:
Од Регулаторната комисија информираат дека станува збор за максимални цени, кои ќе важат од 00:01 часот на 30 декември 2025 година, а трговците со горива можат да формираат и пониски цени.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

