16 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во текот на изминатиот викенд (14–15.03.2026), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи спроведоа редовни сообраќајни контроли на патиштата низ целата држава. Како резултат на контролите, изречени се вкупно 1198 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.
Од вкупниот број санкции, 465 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.
Поради несовесно управување со моторно возило, од слобода се лишени 42 лица. Од нив, осум лица биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, 20 лица управувале без возачка дозвола, додека едно лице управувало возило и покрај претходно изречена забрана за возење.
Во истиот период, согласно член 300-б од Кривичниот законик, конфискувани се 13 возила.
Според статистичките податоци на полицијата, за време на викендот се евидентирани и 173 прекршоци за неправилно паркирање, како и 40 санкции за управување возило под дејство на алкохол.
Во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се и 59 возачи на мотоцикли поради неносење заштитна кацига, како и 31 пешак за сторени прекршоци. Дополнително, 112 учесници во сообраќајот се казнети поради некористење на безбедносен појас.
Согласно Законот за возила, 20 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани, додека четири возила биле отстранети поради техничка неисправност.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, при што апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да придонесеме кон побезбедни патишта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

