МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

05 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

На 3 јули 2025 година во СВР Штип беше пријавено кривично дело „измама“ според член 247 став 4 од Кривичниот законик, од страна на Б.Д. (76) од Берово. Според пријавата, Д.И. (54) од село Трубарево, скопско, во периодот од 2022 до 2025 година со лажно прикажување факти ги довел во заблуда пријавителот и неговата сопруга.

Како што се наведува, осомничениот се претставувал како лице со „посебни паранормални способности“, односно како „Божји човек“ кој можел да растури зла магија наводно фрлена врз нивниот син и да го спаси неговото здравје и живот. На тој начин, во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово, тој ги навел оштетените да му исплатат суми од 5.000 до 6.000 евра, при што во текот на речиси три години се стекнал со противправна корист во вкупен износ од околу 400.000 евра.

По поднесената пријава, полициски службеници од СВР Штип во координација со ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од ОЈО Кочани, веднаш презедоа мерки за расветлување на случајот. Паричните средства што оштетениот требало да ги предаде на пријавениот биле крим-технички обработени, по што вчера (4 јули) во Берово осомничениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево беа лишени од слобода.

При претрес кај неговата мајка биле пронајдени 3.000 евра, а од нивниот дом во Трубарево биле одземени и други предмети поврзани со кривичното дело. Против двете лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама“, а тие се изведени пред судија за претходна постапка во Основниот суд Кочани.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени