25 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Полицијата утринава спроведува акција во селото Рашче, во рамки на Општина Сарај. Според првичните информации, при извршените претреси е пронајдена поголема количина на оружје и муниција.
Акцијата се одвива под засилени мерки на безбедност, а полициски екипи се присутни на теренот. Засега нема официјални детали за бројот на пронајдените парчиња оружје, ниту за тоа дали има приведени лица.
Од Министерството за внатрешни работи се очекува дополнителна информација по завршувањето на претресите.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

