македонија22 февруари 2025 Почина возач додека управувал со автомобил
Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска околу 16 часот, кога на возачот му се слошило, по што возилото застанало во близина на споменикот на „Скендер Бег“.
На местото на настанот се присутни увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и Итната медицинска помош, кои работат на утврдување на околностите на трагичниот случај.