13 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најголемата термоелектрана во земјата, РЕК „Битола“, направена е промена во раководството. Пензионерот Иван Куковски е поставен за нов директор на комбинатот, додека досегашниот директор Тони Петрушевски е разрешен од функцијата. Одлуката за оваа промена е донесена пред два дена.
Тони Петрушевски беше назначен за директор на РЕК „Битола“ од страна на АД ЕСМ по промената на власта во 2024 година. Тој дојде на позицијата од приватниот сектор, како дипломиран машински инженер, и беше познат како првиот скопјанец кој раководел со најголемата термоелектрана во државата.
Според достапните информации, Петрушевски нема целосно да ја напушти компанијата. Тој ќе продолжи да работи во рамките на АД ЕСМ, но на нова позиција – како помошник во кабинетот на генералниот директор на компанијата, Лазо Узунчев.
Во јануари годинава Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување координатори во двата најзначајни енергетски капацитети во земјата. Со целосни овластувања за раководење со комбинатите беа назначени Иван Куковски во РЕК „Битола“ и Владимир Пејоски во РЕК „Осломеј“.
Од АД ЕСМ тогаш соопштија дека овие мерки се преземени со цел забрзување на инвестициските планови и засилување на активностите за обезбедување стабилно производство на електрична енергија, особено во пресрет на зимскиот период.
Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

