27 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
ВМРО-Народна изрази сериозна загриженост за, како што вели, „помпезното одбележување на Битката кај Забрњак“, настан кој, според партијата, ја надминал дури и важноста на државните свечености по повод Денот на македонската револуционерна борба.
Од партијата велат дека со ваквите манифестации се слави 23-годишната српска окупација на Македонија, што не смее да се дозволи. Во своето соопштение, ВМРО-Народна потсетува дека токму по оваа битка започнала окупацијата на земјата од страна на српските сили и дека нејзиното прославување претставува навреда за македонската историја и идентитет.
„Оваа година прославата на ‘Битката кај Забрњак’, по која Македонија беше окупирана и започна 23-годишната српска окупација на нашата земја, се одбележа на многу попомпезен начин и со поголем настан од ‘Денот на македонската револуционерна борба’.“
Понатаму, ВМРО-Народна реагира дека државни средства се користат за организирање на вакви настани, со што, според нив, Македонија на своја територија финансира прослави на окупаторската војска.
Партијата посочува дека бројот на вакви настани што го слават српското воено присуство во Македонија е во пораст, а нивниот обем ја надминува важноста на македонските државни празници.
„Секоја година се организираат големи настани за одбележување на битките кај Кајмакчалан, Брегалница, Забрњак, Удово, Битката кај Рамне и Денот на победата во Битола – и сето тоа со пари од државниот буџет,“ стои во реакцијата.
Во заклучок, ВМРО-Народна апелира до институциите и јавноста да не се дозволи рехабилитација или славење на окупаторски сили, туку да се насочи вниманието кон одбележување на вистинските македонски револуционерни и ослободителни празници, кои, како што велат, се темел на националниот идентитет и државност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

