13 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеничката група на бугарската коалиција ГЕРБ-СДС изрази остро незадоволство и сериозна загриженост по повод пресудата што Основниот суд во Битола ја изрече против Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претставник на згаснатиот бугарски клуб „Иван Михајлов“ и активен член на бугарската заедница во Северна Македонија.
Во официјалната реакција, претседателката на Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, Јорданка Фандакова, оцени дека станува збор за политички мотивирана одлука која, според неа, претставува обид за институционален притисок и репресија врз Бугарите во Македонија.
Пресудата, со која Ѓоргиевски е осуден на едногодишна условна казна за наводна ксенофобија, расизам и ширење омраза преку социјалните мрежи — објавувајќи цитати од историската фигура Иван Михајлов — ГЕРБ-СДС ја нарекува „правно неоснована и политички мотивирана“. Во изјавата се наведува дека овој случај не е изолиран, туку дел од, како што тврдат, поширок тренд на прогон на бугарски активисти и организации во Северна Македонија.
„Ова судење е јасен обид за заплашување на бугарската заедница и прекршување на основните човекови права, особено слободата на изразување и здружување“, стои во декларацијата. Пратениците истакнуваат дека ваквиот судски пристап укажува на отсуство на независност и непристрасност во македонскиот правосуден систем, што, како што велат, не соодветствува со европските стандарди што треба да ги исполнува една земја-кандидат за членство во ЕУ.
Коалицијата ГЕРБ-СДС побара активна реакција од страна на меѓународната заедница и институциите на Европската Унија за, како што нагласуваат, да се стави крај на систематското кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија.
„Бугарија не може и нема да остане рамнодушна кога нејзини граѓани и сонародници се подложени на неправда само поради нивниот идентитет. Љупчо Ѓоргиевски не е сам – целата бугарска држава и народ стојат зад него“, порача Фандакова.