македонија07 септември 2024 Пандов: Недостигаат 400 вработени во затворите
Загрижувачка е состојбата во затворите, оценува директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов. Во интервју за МИА, открива дека недостигаат околу 300 до 400 луѓе во целиот затворски систем. Вели, се надева на одобрување на нови вработувања и најавува повеќе реформи, како инфраструктурни, така и системски.
Вели потребни се пред сè затворски полицајци, но и луѓе во ресоцијализацијата, финансии и во човечки ресурси. Според него, една од причините за дефицитот на затворската полиција е тоа што полицајците ги напуштале своите работни места од безбедносни причини, нешто, коешто, вели, дека нема да биде случај во иднина.
Тие луѓе чувствувале дека одредени затворени лица имаат таква поткрепа од дел од директорите или надвор од некои одредени моќни политичари, што никој ништо не им може што и да направат внатре и како и да се однесуваат кон затворските полицајци. Тоа е веќе заборавена приказна и затвореници кои така се однесуваат ќе бидат најстрого санкционирани, вели Пандов во интервјуто за МИА.